Птица го сецна Ѓоковиќ на сервис

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Австралија Опен, совладувајќи го Американецот Нишеш Басеверди со 3:1 во сетови. Но, мечот не помина без необичен момент – на еден од сервисите на Србинот, играта беше прекината поради крикот на птица.

Сцената предизвика насмевки кај публиката и самиот Ѓоковиќ, кој се пошегува на сметка на несекојдневната ситуација пред да продолжи со натпреварот. Србинот, познат по својата фокусираност и присебност, брзо се врати во игра и ја потврди својата доминација.

Ѓоковиќ продолжува со својот поход кон уште една титула во Мелбурн, демонстрирајќи извонредна форма на стартот од турнирот.

- Реклама -