Псај не знае кои се Гвинет Палтроу и Крис Мартин

Гвинет Палтроу и Крис Мартин го сретнале корејскиот рапер Псај на гала вечерта во музејот Метрополитен и го замолиле да се слика со нив. Тој прифатил, иако според зборовите на актерката, „немал идеја кои се тие“.

article-0-19B9507B000005DC-537_634x553 (1)„Нашите деца го обожаваат, па му пријдовме да се фотографираме. Псај љубезно прифати, иако беше очигледно дека не сме му воопшто познати“, напиша актерката на „Твитер“.

article-2322956-19B95087000005DC-878_634x463

Подоцна, истите фотографии ги објави и Псај на неговиот профил. Веројатно некој во меѓувреме му објаснил дека разговарал со позната оскаровка и музичар чиј последен албум е продаден во осум милиони примероци.

- Реклама -