Француската автомобилска алијанса PSA Peugeot Citroen го скратува бројот на производствени модели, за да може да се врати на вистинскиот пат со кој ќе почне да остварува профит.
Како што потенцира новиот шеф на Групацијата, Карлос Таварес, од гамата се повлекуваат дури 19 модели. На овој начин бројката на гамата на PSA се скратува на само 26 изведби. Алијансата има намера да се концентрира на најпрофитабилните сегменти на пазарот, за да го прошири своето присуство надвор од границите на Европа. Особено, од посебно значење е производството во Кина со компанијата со заедничко вложување Dongfeng. Покрај тоа, PSA Peugeot Citroen планира побрзо да ги развива пазарите во Латинска Америка и Русија.
Карлос Таварес потврди и враќање на Peugeot во автомобилскиот спорт. Францускиот тим најави учество во рели маратонот Дакар 2015 – за прв пат по 25 години. Важен дел од стратегијата на Алијансата се трансформирањето на премиум палетата DS во посебен бренд.