Првооделенец напиша љубовна поема каква што вие не можете

Малку е познато, но во САД се одвива „Национален месец на поезијата“. Не дека ни значи нешто, ама во сето тоа море од детски стихови се најде една прекрасна зен љубовна поема на еден шестгодишник, која за кратко стана хит на социјалните мрежи.

Преводот би одел отприлика вака:

Создадовме мек ветар.
Танцувавме полека. Се вртевме наоколу.
Танцувавме меко.
Ја слушавме музиката.
Танцувавме на музиката.
Создадовме личен простор.

Сепак, оригиналната верзија е онаа што го поседува вистинскиот шарм, иако со лоша граматика. Уживајте:

We did the soft wind.
We danst slowly. We swrld aroned.
We danst soft.
We lisin to the mozik.
We danst to the mozik.
We made personal space.

poem text

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“
- Реклама -