Лесно е Pagani Huayra да се третира како уште еден хиперавтомобил – ексклузивна, скапа, безцелна играчка за колекционерите на кои им е преку глава од Ferrari и сака да им покаже на пријателите колку пари има. Лесно е се до оној момент кога ќе ја повозите.
Huayra е наследникот на Zonda, деби моделот на самоукиот автор на суперавтомобили Хорацио Пагани. Овој автомобил има целосно нова шасија со централен монокок од карбон фајбер зацврстен со титаниум. Меѓуоскиното растојание е седум сантиметри подолго од претходникот.
Школката од јаглеродни влакна била дизајнирана лично од Пагани и во неа е вклучена активна аеродинамика – крилца во секој агол од автомобилот се движат независно и го менуваат начинот на кој ветрот влијае врз автомобилот во зависност од информациите од сензори кои мерат брзина, странично и лонгитудално забрзување, рол и аголот на предните тркала.
Суспензијата исто така автоматски го спушта предниот дел за подобрување на аеродинамиката при повисоки брзини. Huayra има сува тежина од помалку од 1360 килограми и моќност од 720 коњски сили и вртежен момент од 999 Њутон метри благодарејќи на нов 6 литарски V-12 мотор од 60 степени создаден од AMG специјално за овој автомобил. Моторот е замена за стариот 7,3 литарски AMG V-12 од Zonda.
Моторот поставен во средината го преснесува погонот на задните тркала преку седум-степен автоматизиран рачен менувач дело на Xtrac, британската компанија која прави трансмисии за F1 болиди и Le Mans прототипи. Новиот автомобил треба без напор да ја достигне максималната брзина од околу 350 километри на час. [2013 Pagani Huayara first drive]