Кога ќе истрошиме еден молив до таква мера што повеќе не можеме да го користиме, обично го фрламе во ѓубре.
Сепак, луѓето од Sprout имаат различна визија за она што се случува со овие остатоци.
Тие создадоа молив, кој содржи во себе семе. Откако ќе биде посадено, од него ќе израснат вкусни растенија. Секое крајче на нетоксичните моливи Sprout содржат органски семиња, кои бараат само почва, вода и сонце, за да опстојат. Постојат 11 различни видови на растенија, вклучувајќи босилек, цреша домат, нане…
Sprout ја отелотворува целосно идејата за рационално користење на природните ресурси. Не само преку нивниот производ, туку и со насоките на својот сајт за тоа како да создаваме саксии за растенија од весник и слично.
Моливите се продаваат на интернет или во одделни продавници во Европа.