Првите фотографии од свадбата на Бред и Анџелина

Анџелина Џоли во специјално направена венчаница од Ателје Версаче со детали од шарените уметнички дела на нејзините деца на велот, за нејзината свадба со Бред Пит.

 

Многумина мислеа дека нема да има никакви фотографии од најтајната венчавка на годината, но магазинот „People“ ја имаше честа за екслузивните фотографии.

Here comes the colourful bride! Angelina Jolie carried a piece of her beloved children with her when she married Brad Pitt in France on August 23, her simple yet chic white satin gown and long veil featuring drawings by her six-strong brood that were hand-sewn onto the delicate fabric

Анџелина и Бред отсекогаш зборувале дека ќе се венчаат кога нивните деца ќе го посакаат тоа, па така и не е изненадување што имале голема улога во церемонијата.

Децата ја декорирале венчаницата која била едноставна скроена од бел сатен, со цртежи од нејзините деца на неа.

Најдобриот кројач на Версаче, Луиџи Маси скроил фустан во кој ги вметнал детските цртежи.

– Луиџи ми е како семејство и не би можела да замислам било кој друг да ми го прави фустанот, рекла Анџелина.

Анџелина додала за магазинот „People“ дека сакале денот да биде без папараци и медиуми, како и без голема врева. Едноставно, сакале еден прекрасен семеен ден со многу насмевки и радост- тоа и го добија!

- Реклама -