Првите фотки на новото МINI

Првите официјални фотографии на новото MINI се појавија на интернет просторот. Од фотките се гледа дека дизајнерите на брендот се потпрале на формите од испитувањата. Разликите со веќе познатиот автомобил не се големи, но сепак му даваат посвеж изглед. Посериозни промени се очекуваат во внатрешноста, но во моментот тоа останува мистерија.

Меѓу моторите кои ќе ја придвижуваат третата генерација MINI, ќе бидат 1.5-литарски бензински агрегат со три цилиндри кој генерира 136 КЅ и 170 Nm. Ќе биде достапен и 2.0-литарски бензински мотор со четири цилиндри, при што вредностите достигнуваат 191 КS и 221 Nm. Дизелот ќе биде со зафатнина од 1,5 литри и моќност 116 КЅ и 269 Nm. Ќе има стандардна рачна трансмисија со шест степени на ренос, а како опција ќе се нуди и автоматски менувач.

- Реклама -