Велат дека не постои поголема љубов од мајчинската. Мајките тоа сосема го разбираат.
Британската уметница и мајка на две деца, Џени Луис направи интересен, но пред се емотивен проект.
Таа фотографирала мајки со своите бебиња, стари речиси неколку часа и тогаш настанале овие уметнички дела кои со себе носат многу емоции, а сите тие се дел од проектот „One day young”.
– И самата родив две деца, свесна сум за неверојатните промени кои мајчинството ги носи со себе, и сакав да ја овековечам таа прва, исконска емоција. Помислив дека и самата би сакала да ги видев овие фотографии уште пред да добијам деца, истакнува младата уметница.
Луис сакала на овој начин да ги поддржи жените да се одлучат на мајчинство, на тој, како што вели, животен триумф.
– Низ своите фотографии сакав да искажам поддршка, сила и уверување кон жените, кои кога ќе станат мајки ќе почувствуваат животна радост и ќе доживеат голема трансформација, вели Луис.
Проектот се состои од 40 портрети од мајки и бебиња, а Џени вели дека секоја фотографија носи посебна емоција и приказна.