Папата Бенедикт Шеснаесетти веќе подолго време е меѓу корисниците на Твитер, но денеска го напиша својот прв статус на мрежата.
– Драги пријатели, многу ми е мило што ќе можам да комуницирам со вас на Твитер. Благодарен сум за големиот број реакции што ги добивам. Ве благословувам од дното на моето срце – твитна папата Бенедикт (@Pontifex).
Gizmodo вели дека иако папата звучи благодарно за своите следбеници, неговиот прв твир е разочарувачки и неимпресивен.