Првиот трејлер за 50 нијанси на сиво

Иако ќе потрае седум месеци додека ја дочекаме премиерата на долго очекуваниот, скокотлив хит наслов на најавен филм базиран врз бестселер – денес имаме можност да го видиме првиот трејлер за „50 нијанси на сиво“! Истиот првично беше прикажан на The TODAY Show, со една новост, дека Beyoncé ќе биде застапена во музичкиот дел. Контроверзниот и неодолив Кристијан Греј го игра Jamie Dornan, додека Анастасија е улогата на Dakota Johnson во филмот кој, како што ќе забележите и подолу, е се’ освен романтичен.

Што да очекуваме за следниот Ден на вљубените? Див приказ на нештото наречено љубов? Оценете сами!

[youtube http://www.youtube.com/watch?v=SfZWFDs0LxA]

- Реклама -