Неодамна, една британска туристичка компанија им достави на клиентите понуда за романтичен викенд поминат на еден најнеобичен начин. Имено, се патува со вистинска подморница, која се наоѓа на одборот на мини-хотел за двајца.
Веруваме дека вакво нешто би го импресионирало секој гостин…
Подморницата се нарекува „Lovers Deep“. Хотелот има пет ѕвездички – располага со дневна соба, спална соба, луксузен амбиент и бар.
Отако подморницата пристигнува на посакуваната дестинација, на гостите им се нуди вечера со шампањ, кавијар, остриги и чоколадо – традиционални стимулатори за секс. Дополнување на ситуацијата се розите на креветот, како и саундтракот од Бери Вајт. Гостите имаат личен готвач и батлер. По желба, посетителите можат да нурнат во океанот.
Цената за една ноќ на бродот за едно лице ќе чини 145.000 долари, додека за две лица, за две ноќевања ќе чини околу половина милион долари.