Првиот познат меѓуѕвезден објект кој патува низ нашиот Соларен систем би можел да е гигантскa вонземскa „светлоснa едрилица“ испратена да трага по знаци на живот, покажува една нова студија на астрономите од Центарот за астрофизика на Харвард Смитсонијан (CFA). Ваквите сомнежи следат откако е откриено дека мистериозниот астероид Oumuamua неочекувано го забрзал движењето.
НАСА ја потврди информацијата. Наодите од вселенскиот телескоп Hubble, според нив, исто така покажуваат дека објектот имал „неочекувано зголемување на брзината и поместување на траекторијата при преминувањето низ внатрешниот Соларен систем“, наспроти очекувањата дека објектот требало да забави.
Врз основа на тоа, дел од научниците се сомневаат дека астероидот можеби е „светлосно летало со вештачко потекло“ кое користи погон од сончево зрачење, т.е. е придвижувано од силата со која влијае сончевата светлина на неговата површина.
Според студијата, ако се земе во предвид дека се работи за вештачко потекло, тогаш постои можност дека Oumuamua (на хавајски значи „гласник“) „плови“ во меѓуѕвездениот простор како резултат на напредна технолошка опрема.
„Oumuamua би можел да биде активна компонента од вонземска технологија која е дојдена да го истражува нашиот Соларен систем на истиот начин на кој се надеваме да го истражуваме (ѕвездениот систем) Alpha Centauri, користејќи starshot и слични технологии“, вели професор Абрахам Леб, кој студијата ја спроведе заедно со проф. Shmuel Bialy.
Подетално ТУКА.