Магнус Род и Сандер Сагосен се вратија на терен по повредите, но тие претежно асистираа на овој дуел, а најдобар стрелец беше левото крило Себастијан Бартолд. Тој средбата ја заврши со десет гола од десет обиди, што секако треба да биде опомена за нашиот стручен штаб предводен од Кирил Лазаров.
Норвешка ќе одигра уште две пријателски средби пред СП и тоа против САД и Бразил, а првиот дуел против Македонија на Мундијалот е на програмата на 13 јануари.