Првиот подводен ноќен клуб (видео)

Сигурно никогаш не сте помислиле дека би можеле да сретнете некого под вода. Гледањето и разговорите веќе се тешки во ноќен клуб, па зошто некој би сакал и дишењето да биде тешко?

Токму тоа и се случува во овој подводен ноќен клуб кој бил отворен оваа недела. Клубот бил создаден како вирална реклама за Underwater часовниците на TechnoMarine. Целиот клуб бил создаден во воен базен за тренирање на нуркачи на длабочина од 4 метри.

{youtube}LIBfLJMpSGo{/youtube}

Шлемовите кои ги носат нуркачите во клубот се целосно функционални шлемови од Sea Trek кои се комерцијално достапни што значи дека оваа идеја и не е толку невозможна. Целта на Sub Sea Systems во создавањето на Sea Trek била производ кој ќе му овозможи на секого да ги истражува длабочините без оглед на способностите или физичката подготвеност.

- Реклама -