Нил Харбисон е британско-шпански киборг уметник, музичар и изведувач. Нему уште од детството му била дијагнозирана ахроматопсија, заради што може да го гледа светот само во две бои – црна и бела. Меѓутоа тој наместо да ги гледа, може да ги слуша боите, со помош на ајборг – протестетска направа која е неоделив дел од него и заради која тој и официјално беше признаен како првиот киборг во историјата.

Приказната на Харибсон е повеќе од интересна. Во детството му била дијагностицирана ахроматопсија, заради што може да гледа само две бои – црна и бела. Тоа не го спречило да студира уметност, каде му било дозволено да користи само бела, црна и нијансите помеѓу во неговите слики. Кога во 2002 се преселува во Велика Британија му се случува нешто што ќе му го смени животот. Имено, во соработка со уште двајца други тој станува дел од нешто што стана познато како ајборг проект. Од овој проект произлезе камера, прикачена на главата на Харибсон, која може да ги разликува боите и нив да ги претвора во звуци. Со меморизирање на различните фрекфенции Харибсон стана прв човек во светот со способност да слуша бои.
Камерата (или ајборгот) потоа беше дополнително развиена од Питер Кесе, словенски програмер. Ова надоградување значеше дека Харибсон сега може да разликува 360 различни нијанси преку различни фрекфенции. Ова му овозможи на Харибсон да експериметира со боите во неговата уметност. Покрај другото тој прави и звучни портрети така што ги слуша боите на лицето на човекот кој го слика, па потоа звуците ги претвора во бои на платното.
Кога Харибсон требало да ја обнови својата патна исправа, неговата апликација била одбиена заради што британските власти строго забрануваат да се гледаат какви било додатоци на сликата за пасош, додека Харибсон на себе ја имал неговата простетичка направа. После неколку месеци и многу писма за поддршка од докторите и образовните работници во кои тие укажуваат дека простетичката направа е дел од него, властите попуштија и му доволија на Харибсон да го носи ајборгот на сликата. Со тоа се потврди официјално Харибсоновиот статус на првиот киборг, признаен како таков, во историјата. [I am Borg- The World’s First Recongnized Cyborg]