Првиот луксузен приватен џет со HD екрани наместо прозори

Прозорите се сериозен проблем за авионите. Го ослабуваат трупот, додаваат на тежината и го забавуваат леталото. Затоа, првиот приватен суперсоничен џет Spike S-512, нема да има ниту еден прозорец. Наместо тоа, патниците ќе уживаат во панорамски видео екрани, преку кои ќе можат да ја набљудуваат надворешноста во реално време.

53049786a2a36[1]

Целата надворешност на трупот ќе биде опремена со микро-камери, поврзани со заоблениот дисплеј во интериорот на авионот, кој патем, ќе се протега низ целата должина и ќе им овозможи на патниците да уживаат во непречен поглед на облаците и синото небо. По избор, патниците ќе имаат можност и да го затемнат екранот, а постои и опција целосно да биде исклучен.

Инаку, сето ова ќе се случува при брзина од 2200 километри на час, додека патниците уживаат во удобните сепариња, пиејќи скапи вина.

spikejet1[2]

Звучи како лукзус, ама со оглед на тоа џет-авионот вреди 80-милиони долари, ваквиот чекор е потполно возможен и очекуван, а преоѓа и во тренд. Дури и луксузниот брод Royal Caribbean ги опреми собите со HD екрани со поглед на морето, за да изгледа како собите да имаат балкон.

- Реклама -