Денес Бред Пит вреди дури 150 милиони долари, а своето богатство започнал да го гради во филмот „ Телма и Луиз“ каде што ја толкува улогата на шармантен автостопер за симболичен хонорар.Во филмот Ридли Скот кој е снимен во 1994. година Пит игра млад дечко кој завршува во кревет со Џина Дејвис, а на крајот ја ограбува. Всушност, оваа улога го прави големиот пресврт за холивускиот шармер иако му донела минимална заработувачка од 6.000 долари.
Само една година подоцна, тој добива улога во филм на Роберт Редфорд, а потоа со Том Круз игра во „Интервју со вампирот“ и започнува да добива милионски хонорари.