Првиот човек на британската армија: Нашите војници мора да се подготват за борба против Русите во Европа

Првиот човек на британската армија, генерал Патрик Сандерс, изјави дека „британските војници мора да се подготват за борба во Европа“.

„Сега имаме императив да создадеме армија која е подготвена да се бори рамо до рамо со нашите сојузници и да ја победи Русија во битка“, рече Сандерс.

„Ние сме генерација која мора да ја подготви армијата за повторно да се бори во Европа“, додаде тој.

Сандерс наведува дека тој неодамна „станал првиот началник на Генералштабот од 1941 година кој ја презел командата на армијата во сенка на копнена војна во Европа во која била вклучена и континентална суперсила“.

Руската инвазија на Украина ја нагласува нашата основна цел – да го заштитиме Обединетото Кралство и да бидеме подготвени да се бориме и да победиме во копнената војна, додаде британскиот генерал.

Прочитајте и:  Блинкен: Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор

Неговите коментари дојдоа веднаш откако британскиот премиер ги предупреди своите сонародници дека „мора да се подготват за долга војна“, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин прибегнал кон стратегија за војна која вклучува исцрпување на Украина.

- Реклама -