Првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, најнеизвесна е битката за Карпош

Најголемата разлика во гласови, Ѓорѓиевски ја направил во општина Сарај, каде има освоено 3.257 гласови наспрема 408 на Амар Мециновиќ од обработени 86 отсто од избирачките места

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во битката за Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 65.000 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 35.700 гласови од пребројани вкупно 70 отсто од избирачките места. Најголемата разлика во гласови, Ѓорѓиевски ја направил во општина Сарај, каде има освоено 3.257 гласови наспрема 408 на Амар Мециновиќ од обработени 86 отсто од избирачките места.

Во општина Центар, пак, води кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски со речиси 6.400 гласа наспрема кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ со 4.820 гласа од пребројани 58 отсто од избирачките места.

Засега, се чини дека е најтесна битката за општина Карпош, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски има 6.139 гласови, а Стевчо Јакимовски од коалицијата Искуство за успех има освоено 5.612 гласа. Обработени се 46 отсто од избирачките места.