Се поблиску е датумот на официјалното презентирање на новиот iPhone и се почесто ќе гледаме појавување на наводни слики за неговиот дизајн или пак за компонентите од кои приближно може да дознаеме повеќе детали за неговите спецификации.
Интересно е што јавноста изгуби интерес за тоа каков процесор или пак камера ќе поседува iPhone 5S, а повеќе внимание беше посветено на новиот оперативен систем iOs 7, кој изгледа конечно го донесе тоа што долго го очекувавме од Apple, поголема персонализација и повеќе промени во интерфејсот.
Што се однесува до хардверот пак го нема иститот интерес како и за компонентите на пример на Samsung Galaxy S4, пред да се појави официјално, но сепак да откриеме и по некој детаљ за iPhone 5S ако може да им се верува на овие почетни слики од неговата внатрешност.
Тоа што може да ни открие нешто е дека новиот iPhone ќе работи на чипот A7 изработен од TSMC кој ќе биде барем за 50% побрз од сегашната генерација А6. Понатаму во делот на камерата најверојатно ќе има засилен двоен блиц, а се очекува iPhone 5S да има и повеќе бои на маската.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk