Први шпионски фотографии на BMW X7

Целосно маскиран прототип на теренско луксузен автомобил беше снимен на улиците во Германија. Според многу медиуми, ова се првите шпионски фотки на идниот предводник во X гамата, на сосем новиот BMW X7.

Од фотографиите на кои може да се види добро камуфлирано возило, па единствено може да бидат забележани димензиите на истото. Моделот беше потврден веќе официјално, а нејзината конечна верзија се очекува во 2017 или 2018 година. Ова е инаку баварски одговор на Mercedes GL. Х7 ќе ја користи платформата на следните генерации на Сеија 5 и Серија 7.

BMW планира да го составува Х7 во американскиот град Спартанбург, во Јужна Каролина, каде што во моментов се произведуваат моделите Х3, Х5 и Х6. Со стартот на проектот – Х7, следи и сериозна модернизација на фабриката во Спартанбург, каде капацитетот ќе биде зголемен од 100.000 на 400.000 возила годишно. Освен Х7, таму ќе се произведува и новиот Х4.

 

- Реклама -