Први официјални фотографии од Nexus 5

Најновиот смартфон на Google е еден од најочекуваните уреди во последните три месеци и на интернет се појавија огромен број на неофицијални протечени слики. Сега за прв пат имаме официјални слики од конечниот изглед на Nexus 5 на неколку дена пред неговото лансирање на пазарот.

nexus 5 white

Од тоа што може да го видиме се работи за смартфон кој ќе го задржи препознатливиот изглед на Nexus серијата со мали промени во аглите и малку позаоблени линии. Задната страна на Nexus 5 ќе биде изработена од мека гума или барем материјал кој ќе го направи тоа чуство на мек финиш, додека пак предната страна е малку зголемeна поради поголемиот екран, но затоа е намалена граничната линија околу него.

nexus-5-sporedba

Nexus 5 ќе има Full HD екран со големина до 5 инчи, потоа четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор со брзина од 2.3 GHz, 3 GB RAM и две понуди на меморијата од 16 и 32 GB. Tоа што е најпривлечно за овој смартфон е што ќе се продава по цена од околу 350 долари со што Google и понатаму ќе ја одржи полтиката на понуда на врвна смартфони од високата класа по многу ниска цена во споредба со конкурентите.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -