Судејќи според првите фотографии од третото продолжение на комедијата „The Hangover“ може да кажеме дека актерската екипа останува иста – Бредли Купер, Зак Галифианакис и Ед Хелмс.
Во овој дел нема свадба, ниту ергенска забава. Што би можело да тргне на лошо? Треба да почекаме до мај, за кога е закажана премиерата на филмот во САД.
Комедијата е во режија на Тод Филипс, а во најновото продолжение ќе се појави познатиот актер Џон Гудман.