Првата куќа во светот каде „внатре“ и „надвор“ ги менуваат местата

Австралиската архитектонска компанија Andrew Maynard Architects ја создаде првата во светот куќа свртена од „внатре кон надвор”.

Интересно е тоа што куќата не е нивни концепт, туку е изградена по нарачка на клиентот, кој сакал „глупава куќа, чија што внатрешност ќе биде сместена однадвор”.

За да ја исполнат неговата желба, архитектите создале лизгачки ѕидови и врати и платформи на преклоп, а освен тоа намерно оставиле недовршени неколку делови од куќата.

Нејзината градина прераснува во дневна, додека внатрешните подови се растегнуваат, за да излезат надвор, создавајќи надреалистична илузија, односно нејасни граници помеѓу внатрешноста и надворешноста.

2 3 4 5 6 7 8

- Реклама -