Првата дама во центарот на вниманието

Во период кога сето внимание му се посветува на американскиот претседател  Барак Обама, ние решивме предност да и дадеме на неговата сопруга Мишел.
Најпрвин, браво за изборот! За инаугурацијата на вториот мандат, првата дама повторно се обрати кај нејзиниот миленик Џејсон Ву, дизајнерот кој се погрижи за нејзиниот фустан и за прославата од првиот мандат во 2009 година.


Овој пат, 49-годишната Мишел заблеска во зашеметувачки прекрасна тоалета со боја на рубин, која на суптилен начин ја истакнуваше нејзината завидна фигура и ја покажуваше сета нејзина женственост и елеганција.

За нејзиниот изглед да биде комплетен допринесуваше и внимателно одбраниот накит, од кој најмногу внимание привлече големиот рачно изработен дијамантски прстен од Кимберли МекДоналд. Чевлите кои ги носеше пак, се дело на дизајнерот Џими Чу.
Нејзиното блескаво издание беше заокружено со новонаправените шишки кои и прилегаа одлично.


– Ми се допаѓаат нејзините шишки… Изгледа убаво. Впрочем, таа секогаш изгледа убаво, изјави претседателот Обама на свечената церемонија.

- Реклама -