Прва слика од Nexus 5 !?

Со пласманот на втората генерација на супер успешниот таблет Nexus 7, на ред е Google повторно да се вмеша и во понудата на смартфони со најновиот Nexus 5. Во јавноста веќе се проширија наводни слики од Nexus 5, а е сигурно дека изработувач повторно ќе биде LG.

lg-google-nexus-5

Google има повеќе причини за доверба во LG бидејќи корејската компанија повторно го воодушеви светот со нивниот најнов смартфон Optimus G2 кој заслужено го добива епитетот најмоќниот уред на пазарот, па затоа се очекува LG да направи сличен концепт и со Nexus 5.

nexus5lgaug2013_616

Оваа прва слика од Nexus 5 доаѓа од страна на анонимен тестер, вработен во LG кој се одлучил да ја постави на интернет но, сепак сеуште е рано да се тврди дека ова е првиот прототип на смартфонот на Google. Инаку за Nexus 5 се очекува да биде голем напредок со нов процесор, подобрена камера како и поголем екран од својот претходник кој имаше големина од само 4.7 инчи.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -