Прва регионална конференција за вмрежување „Биди ментор, промени нечиј живот“

„Македонската мрежа на ментори“ ја организира Првата регионална конференција за вмрежување, што ќе се одржи утре во хотел „Александар Палас“, во Скопје, на тема „Биди ментор, промени нечиј живот“, каде што, освен од Македонија ќе учествуваат предавачи и гости од 14 други земји.

Конференцијата ќе ја отвори американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, а свое обраќање ќе има и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Конференцијата е наменета за размена на искуства и вештини помеѓу претприемачи, експерти, стопанственици и владини претставници, со цел да ја поттикнеме важноста на менторскиот процес, како и вмрежувањето (networking) во Македонија и регионот.

Конференцијата ќе содржи предавања, панел дискусија на тема „Дали природното мајчинство е комплементарна или контрадикторна улога на кариерниот развој?, билатерални средби, како и програма за поддршка на жени претприемачи.

Здружението „Македонска мрежа на ментори” (МММ) од Скопје, формирано со слободно здружување на граѓани, поради остварување и усогласување на заеднички цели и интереси како и вршење на активности во односите ментор-штитеник (менториран), користејќи го искуството и професионалноста на економски, социјални, културни, стручни, технички, образовни, спортски и други полиња, интереси и уверувања, согласно законите и Уставот на Република Македонија.

 

- Реклама -