На 23 април (четврток) од 12 до 17 часот во „Нано бар“ во Скопје за првпат ќе се одржи целодневна работилница за убавина и декоративна козметика која ќе ја водат искусните стилисти и мејкап артисти Цаци Паковска и Магдалена Медичи.
Настанот е бесплатен и е отворен за сите професионални и полупрофесионални шминкери, модни блогерки, стилисти, новинари и модни критичари, трендсетери, луѓе кои се интересираат за стил, мода и убавина професионално или како хоби.
На работилницата ќе се совладуваат техниките на професионално шминкање со декоративна козметика, ќе се говори за новите трендови во шминкањето и ќе се учи како тоа практично го прават веќе докажаните стилисти и професионалци. Учесниците ќе добијат сертификат за посета на работилницата кој ќе им даде поттик да се усовршат во понатамошното содавање убавина и самодоверба кај жените.
Првиот панел ќе го отвори познатиот стилист Цаци Паковска, која ќе сподели практични совети како со шминка да се надополни изгледот, односно ќе презентира техники на шминкање и основни чекори за постигнување на совршен изглед. Паковска ќе даде корисни совети за тоа како да се одберат вистинските производи од декоративната козметика кои најмногу одговараат на одредениот тип на кожа, тен, боја на очи, форма на усни и возраст. Ќе открие и како со мали промени во шминкањето и стајлигот да се подигне самодовербата и ќе претстави различни стилови и модни трендови во шминкањето.
Магдалена Медичи, пак, на вториот панел ќе говори за првичните чекори кои треба да ги познава секој што се занимава или планира да се занимава со шминка. Ќе презентира како правилно да се контуира и обликува лицето со помош на шминка, а и ќе ги презентира тајните на деловниот мејкап – што треба да се потенцира и одбегнува при подготовката за работниот ден или работниот состанок.
Покрај презентациите и практичната работа со стилистите, на работилницата ќе бидат презентирани и аматерски мејкап туториали на селектирани модни блогерки на кои им беше зададен предизвик да снимат персонализирано видео на зададена тема, користејќи ја декоративната козметика на AVON. Во рамки на работилницата, жири комисија составена од Цаци Паковска, Магдалена Медичи и тимот на AVON ќе го прогласат и најдоброто видео за кое ќе следува вредна награда.
Работилницата е поддржана од козметичката компанија Авон Македонија. Местата се ограничени и сите заинтересирани може да се пријават со испраќање на име и презиме и телефон за контакт на avon.newm@gmail.com најдоцна до 22.04.2015 година.
За предавачите:
Цаци Паковска веќе 17 години работи на модната сцена во Македонија. Има реализирано многубројни телевизиски проекти, а актуелна е како автор и водител на ТВ магазинот за мода “Стилисимо”. Исто така, има работено и на повеќе музички спотови и модни едиторијали. Како стилист и шминкер соработува со некои од најпознатите поп пејачи кај нас.
Магдалена Медичи е реномиран стилист и мејкап артист со долгогодишно искуство во козметологијата. Во моментов работи како моден уредник и стилист за етаблираниот магазин „Убавина и здравје“, а истовремено предава и „Деловна шминка“ во Академијата за протокол во Скопје. Нејзиното професионално портфолио вклучува ангажмани за голем број настани и јавни личности од земјата, но и пошироко.