Прва победа за Норис на Хунгароринг

На денешната трка за Големата награда на Унгарија, возачот на Мекларен, Ландо Норис, се искачи на врвот на подиумот.

Британецот успеа да стигне до победата стартувајќи од петтата позиција, а со оваа победа ја намали разликата на само девет бодови зад лидерот во генералниот пласман, својот клупски колега Оскар Пјастри.

Пјастри, завршувајќи на втората позиција со заостанување од 0,698 секунди, дополнително ја потврди доминацијата на Мекларен во тековната сезона на Формула 1.

Третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес, кој заврши со заостанување од 21,916 секунди зад првиот.

Шарл Леклер од Ферари, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши четврт.

Актуелниот светски шампион, Макс Верстапен, ја зазеде деветтата позиција, додека Луис Хамилтон од Ферари, по прв пат оваа сезона, не успеа да влезе во првите десет и остана без бодови, завршувајќи на 12. место.