Прв смртен случај од коронавирус во Македонија

Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. Жената на возраст од 57 години, била во болница, но постојано и се влошувала состојбата. Нејзиниот син, на возраст од 33 години, исто така е заболен од корона вирус.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 29 нови случаи, со тоа денеска до 12 часот, бројот на заболени изнесува 114.

Во Скопје има 65 заболени.

На Клиниката за инфектологија има 24 пациенти. Седум се на кислородна поддршка. Утре по изминување на 14 дена, ќе се зема контролен брис кај шест пациенти.

Пациентката која е на респираторна машина е со непроменета состојба.

- Реклама -