Слепиот Им Донг Хјун со првиот светски рекорд на Олимписките Игри

Првиот светски рекорд на Олимписките Игри во Лондон е вееќ поставен од слеп Јужно Корејски стрелец – неколку часа пред долгоочекуваната церемонија на отварањето.

Им Донг Хјун легално е класифициран како слеп и не може да гледа од неговото десно око, но тоа не го спречило добитникот на два златни медали да го скрши својот рекорд со 72 стрели во квалификациите одржани во Лондон.

Дваесет и шест годишниот спортист, кој има потешкотии да чита весник, се изборил за скор од 699 поени со што излегол пред своите сонародници Ким Бубмин и О Џин Хјек. Нивниот заеднички труд создал и втор светски рекорд, Јужна Кореја остварила тимски скор од 2087 поени во екипно натпреварување – дисциплина во која азијската земја има освоено злато на последните две Олимпијади.

Ова е видео од негов настап на турнир во стреличарство во Јужна Кореја пред четири месеци:

{youtube}F8oEOf7wLPs{/youtube}

- Реклама -