Презентиран првиот паметен телефон со резолуција 2560×1440

Мислите дека 1080p Ви се доволни? Ако сеуште мислите така, тоа е затоа што уште не сте го виделе екранот на Vivo XPlay 3S.

Тој е со резолуција 2560×1440 и сигурно изгледа изненадувачки, иако не знаеме колку инчи му е дијагоналата.

Паметниот телефон ќе се појави во ноември или декември. Така, една година, откако HTC го претстави првиот паметен телефон со Full-HD резолуција (HTC Droid DNA), штафетата ќе ја превземе Vivo. Освен со ѕверската резолуција на екранот, Vivo XPlay 3S може да се пофали и со чипсет Snapdragon 800 и 4G/LTE мрежа за трите кинески мобилни оператори.

Да, очигледно овој паметен телефон нема да излезе надвор од Кина. Но откако веќе има 2K дисплеи, претпоставуваме дека следната година тие ќе се стандард и кај сите водечки модели.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -