Прв iPhone со 2GB RAM

Според некои информации во странските медиуми, компанијата Apple ќе го збогати следниот модел на iPhone со два гигабајти работна меморија (RAM).

Moделот iPhone 6S би требало да се појави во септември, но уште сега започнаа да кружат информации за можниот хардвер.

Покрај споменатата меморија, S6 наводно ќе има нов А9 процесор со две јадра. Куќиштето на новиот телефон би требало да биде водоотпорно, што е уште еден показател дека Аpple сака сериозно да се пресмета со конкурентите.

 

- Реклама -