Културниот центар „Феникс“, на 20-ти мај, со почеток во 19 часот, ќе го организира првиот Фестивал на македонската сатира.
Почетокот ќе го означи изведбата на претставата „Еци, пеци, Лец“ според текстови на Станислав Јержи Лец, а во изведба на сатиричарот и стендап – комичар Марјан Анѓеловски.
Со тоа, во рамките на Културниот центар „Феникс“, свечено ќе биде отворен Театарот за возрасни „Сатир“.
Предвиден е и настап на истакнати македонски сатиричари, додека на авторот Васил Толевски ќе му биде врачена наградата „Македонски Сатир“ за сатирично творештво и придонес во сатирата.
Фестивалот на македонската сатира ќе заврши со промоција на повеќе сатирични книги во издание на Издавачката куќа “Феникс“ и тоа: „Неисчешлани мисли“ од Станислав Јержи Лец, „Јавни тајни“ од Софе Штерјоски и „Прирачник за менаџери“ од Ефраим Кишон.