Претседателот на Џенова, Енрико Прециози се најде во центарот на вниманието откако вчера удри новинар и го искршни неговиот фотоапарат.
Извештаите велат дека група новинари вчера го пресретнале Енрико Прециози пред еден ресторан во Џенова во обид да дознаат повеќе за гласините кои велат дека тимот од Луиџи Ферарид Стадионот ќе добие нов сопственик.
Претседателот на ’Рособлу’ наместо да даде интервју најпрво го нападнал новинарот на весникот Secolo XIX, а потоа го искршил и неговиот фотоапарт.
Вчера вечер, Енрико Прециози изјави дека веднаш се извинил за ваквото однесување, но нагласи дека и во иднина би го сторил истото доколку се најде во слична ситуација.
„Отстранив камера која беше поставена на несоодветен начин” – рече Прециози за TGCom.
„Веќе се извинив и кажав дека ќе платам за фотоапаратот. Сепак, не е во ред да им правите заседа на луѓето. Мојата реакција можеби ќе биде критикувана, но насилството што јас го претрпев е уште полошо”.
„Нема да прифатам некој тајно да ме снима и потоа да ми направи заседа”.
„Во овој контекст, исто би реагирал одново”.
[youtube]http://youtu.be/P1JT763mrrY[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал