Дејвид Бекам беше домаќин на екслузивната забава на базенот кој се наоѓа на покрив на зграда минатата ноќ, за да го прослават лансирањето на првата колекција на костуми за капење за H&M.
Гостите како Ellie Goulding, Liam Payne и Niall Horan од One Directiona и Aaron Paul уживаа во пријатната атмосфера во источен Лондон, додека поранешниот фудбалер Дејвид Бекам беше домаќин на целиот настан. За оваа прилика беше неодоливо згоден во црно, а носел дури и проѕирна маица, па така не потсети на своите познати мускули.
Како и секој досегашна колекција на David Beckham Bodywear, фокусот на костимите за капење е дизајнот, изведбата и удобноста а нудат и свежо надградување на касичниот машки стил.
Од првото лансирање на колекцијата на костуми за капење во 2012 година, секоја сезона се развиваат многу нови стилови, ткаенини и модели, па модерните и функционални костуми за капење беа логичен следен чекор. Новата колекција е достапна во некои продавници и онлајн.