Проверете: Дали вашата рерна пече рамномерно?

Колку скапо и да сте ја платиле, ниедна рерна не е перфектна. Дури и да има вентилатор кој наводно рамномерно ја распространува топлината, температурите на различни места во рерната нема да бидат еднакви. Тајната во нејзиното успешно користење е да ги познавате нејзините маани и да ги избегнете, или пак искористите за саканиот ефект.

Дори Гринспен од theKitchn.com има итар совет за мапирање на слабите точки на вашата рерна. Се што ви треба е – рендан кокос!

kokos flickr

Додека печела тепсија со рендан кокос, таа сфатила дека набљудувајќи ја неговата боја, можете лесно да ги одредите студените и прежешките точки во рерната. Кокосот потемнува за многу кратко време (добива кафена боја), па разликите во температурата се брзо и лесно воочливи. Се разбира, најтемната област ја претставува најжешката точка во рерната.

KOKOS

Бонус совет: Еден од коментарите предлага дека истото може да се постигне со печење на обични листови хартија.

Бонус факт: Овие разлики во температурите на одредени точки се присутни и кај речиси секоја скара. Имајте го тоа на ум ако добивате послаби резултати од очекуваните.

- Реклама -