Не мора некој да е сериски убиец за да биде психопат. Експертите велат дека е сосема можно вашиот пријател, колега или партнер да е еден од нив.
Роберт Д. Хар, крими психолог и професор на универзитетот Британска Колумбија, целата своја кариера ја посветил на проучување на ваквите луѓе. Според него, психопатите се многу почести отколку што можеме да претпоставиме.
Хар е креатор на таканаречениот PCL-R тест, метод кој се користи при утврдувањето дали некој е психопат. Тестот се состои од листа од карактерни особини што се карактеристични за психопатите. Се нагласува дека кај таквите поединци каењето и емпатијата воопшто не постојат, но од друга страна, иако некои од нив се насилни криминалци, не сите живеат од другата страна на законот. Некои луѓе ги исполнуваат условите за да бидат наречени психопати, ама тоа не е доволно за да може да се смета дека тие би можеле да предизвикаат проблеми. Според Хар, не секоја од наведените особини во тестот треба да се смета за негативна (маана). Што се однесува до психопатите, често се случува да се дел од нашето друштво и да ни е забавно со нив.
Па, не е на одмет да проверите дали сте и вие еден од оние прикриени изопачени умови, или можеби е некој од тие што ги познавате.
Тестот се состои од 20 критериуми (особини). Оние што не ги поседувате носат 0 бодови, оние што делумно ги поседувате носат 1 бод, а ако дефинитивно ја поседувате наведената особина – добивате 2 бода.
Еве ги:
– речитост и површен шарм
– голема самодоверба
– патолошко лажење
– манипулативност
– недостаток на каење
– емоционална површност
– бесчувствителност и отсуство на сочуство
– неподготвеност да се прифати одговорност за своите постапки
– често ви е здодевно
– паразитски начин на живот и недостаток на реални долгорочни цели
– импулсивност, неодговорно однесување
– упадливо однесување во раниот период од животот
– малолетнички криминал
– различни кривични дела
– прекршување на пресудата за условно
– повеќе бракови и промискуитетно сексуално однесување
Ако имате 40 бодови, дефинитивно сте опасен за околината. Ако имате 30 (и повеќе) бодови, сепак ја заслужувате дијагнозата.