Провалници вчeрaвечер упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт, Матео Салвини, соопшти денеска полицијата.
Разбојниците не успеале да го отворат сефот во домот на Салвини во Рим, јавија италијанските медиуми. Засега не се знае дали успеале да украдат други предмети.