Активниот животен стил во комбинација со здравата телесна тежина е најдобра первенција против опасниот рак на матка, тврдат научници од светскиот Центар за истражување на ракот.
Тие откриле дека 38 минути вежбање дневно го намалуваат ризикот од рак на матката за 50 проценти. Проблемот е во тоа што дури 56 проценти од жените вежбаат половина час дневно, а само 39 проценти од нив имаат здрава телесна тежина, со што значајно го зголемуваат ризикот од тие болести.
Научниците веруваат дека постои силна врска меѓу количината на телесни масти и настанувањето на ракот, бидејќи салото му пречи и го заспорува имунилошкиот состав.
„Иако настанувањето на ракот на матка е најчесто ендометриски, промените во животниот стил можат да спречат голем број на случаи кои се најчести кај жени постари од 60 години“, вели Елиза Бандера од Рутгерс Институтот за истражување на рак.
Студијата истотака ја покажа врската меѓу кафето и помалиот ризик на рак на матка, но во премала мерка, за да се каже дека кафето го спречува ракот.