Стотици Срби се собраа вечерва пред зградата на српското Собрание револтирани од најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за повторно враќање на рестрикциите како забраната за собири на повеќе од пет лица, но и најавениот полициски час од петок.
Револтираните граѓани го запреа сообраќајот и извикуваа разни критики и навредливи пароли кон Вучиќ, проследени со свирежи и тропање на тенџериња. Со запалени бакли, се обидоа и да влезат во Собранието.
Како што пренесува NOVA.rs, околу 22:20 часот, тоа и им успеало. Демонстрантите влегле во холот на Собранието, каде што ги пречекале полицајци во полна опрема. Неколку минути подоцна, полицијата со пендреци ги тепала граѓаните и по десет минути успеала да ги исфрли од зградата на Собранието.
Во овие моменти, пренесува порталот, пред Собранието има огромен број луѓе и не се гледа каде завршува масата. Тие ги повикуваат сограѓаните да им се приклучат во уште поголем број и уште вечерва да го „пробијат“ полицискиот час. Следете ТУКА.