По видеата на Бурим Харачина и возењето по тротоар/велосипедска патека на булевар „8 септември“, од социјалната мрежа „Тик Ток“ ни доаѓа уште едно видео, овојпат со пукање, сред бел ден.
Според објавувачот, тоа се случува во населбата Топанско поле. Како што се гледа на видеото, собрана е група луѓе, а во во еден момент еден од присутните вади пиштол и испукува неколку куршуми во воздух, иако на еден метар од него има мало дете во детска количка. Нема детали кога е снимено видеото, но евидентно е дека никој од присутните не носи маска. Како што може да се види, првичното видео е објавено од „Тик Ток“ профил под ‘рачката’ @besirshiti.