Откако еднаш, речиси случајно, еден кактус завршил во неговиот дом, фотографот Грег Крехел се заљубил во нив.
Неговото најново видео ни покажува еден уникатен примерок меѓу кактуси – тоа е ехинопсис, вид со убави цвеќиња кои цветаат во период од 6 до 8 часа во текот на денот.
Поврзувајќи ги страста кон фотографијата и неговата љубов кон овие прекрасни растенија, Грег започнува да создава тајмлапс клипови што покажуваат како цветчињата се отвораат во сета своја убавина само за неколку минути.
Спотот е навистина смирувачки и исполнет со вистинска цветна церемонија.