Проширувањето на НАТО на Балканот, проблем за Русија

„Русија има потценувачки однос кон проширувањето на НАТО на Балканот и го оценува како провокативен процес.“ – ова го наведува во ексклузивно интервју за белградскиот весник “Политика” рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин.

NATO-Russia

Според рускиот политичар проширувањето на НАТО кон Црна Гора и евентуално кон Македонија става голем број сериозни прашања во однос на Русија.

„Ние на тоа ширење гледаме како на опасен и провокативен процес и нормално, не можеме да не реагираме. Се однесуваме кон тоа категорично негативно. Сметаме дека ширењето на Словенија и Хрватска беше неправилен чекор. Ширењето на Црна Гора и потенцијално на Македонија, предизвикува кај нас сериозни прашања“, вели Рогозин во интервју за “Политика”.

Прочитајте и:  Бауер: НАТО сојузниците, наместо сегашните 2%, во иднина ќе треба да инвестираат близу 3% од својот БДП во одбраната

Тој зборува и за проблемите што ги предизвикува НАТО, тврдејќи дека сојузот создава лажен имиџ потпирајќи се на пропаганда.

„Се зборува дека НАТО не му се заканува никому, дека НАТО е одбранбен сојуз и дека пристапувањето кон него им носи на земјите поголема безбедност. Тоа се познати пропагандистички формули. Нивната пропаганда има за цел да го оттргне вниманието од оние проблеми кои реално ги предизвикува ширењето на НАТО“, додава тој.

- Реклама -