Низ историјата коњот му служел на човекот за различни цели. Моќта, грациозноста и брзината на коњот предизвикуваат адреналин, па затоа во поново време коњот се користи за лично задоволство. Јавачката експедиција е патување на коњ кое ќе ве награди со искуство за паметење и глетка која инаку не би имале можност да ја видите.
Младите ентузијасти-јавачи од коњичкиот клуб „Меденица“ – Галичник нудат поинаква перспектива за рекреативен спорт која буди желба за престој во природа.
Прошетките со коњи се организираат сезонски: во зимскиот период тоа е јавање на Водно во Скопје, а во текот на летото околу Галичник, на планината Бистра. Јавањето е хоби во кое може да уживаат и оние кои немаат никакво искуство со коњи.
На обиколките се јава западен (western) стил на балкански планински коњи, кои се помали од англиските, но силни и безбедни на стрмните падини. При обилколките се користи каубојско седло, кое е комотно и го одржува балансот на јавачот.
За ваква прошетка со коњи потребна ви е соодветна облека, добра кондиција и желба за дружба со животните и природата!
Доколку ви се допаднаа фотографиите од нашата прошетка на Водно и би сакале да појдете на јавање наскоро, обратете се на 077 648 679, е-пошта hcmedenica@hotmail.com или на Facebook страницата Horse Riding Tour Macedonia.
По падините на Водно
{vimeo}18195038{/vimeo}