Прошетка низ парк го подобрува расположението

Според истражувачите обична прошетка низ парк би можела да им помогне на оние кои патат од депресија. Студијата исто така ги тестирала и теориите кои предложуваат дека луѓето се концентрираат подобро по престој во природата и гледањето на природни сцени.


Луѓето кои се наоѓаат во мирна средина не се постојано бомбардирани со надворешни стимули кои имаат ефект врз работната меморија и системите на внимание. Како резултат, мозокот може да се опушти и да влезе во состојба на размислување, што помага во обновувањето на когнитивните капацитети.

Во најновата студија, 20 луѓе со клиничка депресија – 12 жени и 8 мажи, со просечна возраст од 26 години – учествувале во експеримент кој опфаќал прошетка во тивка природна средина и бучна урбана средина. Пред нивните прошетки учесниците пополниле тест кој ги одредувал нивниот когнитивен статус и нивното расположение, и од нив било побарано да мислат на неразрешен, болен спомен.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Нив потоа им било кажано да одат на едно часовна прошетка низ парк или да поминат низ прометна улица. По нивната прошетка тие учествувале во серија ментални тестови чија цел била мерење на нивното внимание и краткорочната и работната меморија. Една недела подоцна учесниците ја повториле студијата но отишле на прошетка во локацијата која не ја посетиле првиот пат.

Бидејќи луѓето кои страдаат од депресија често се подложни на негативни мисли, истражувачите биле скептични за потенцијалниот бенефит од осамена прошетка во парк. Но расположението на учесниците било значително подобрено од двата типа на прошетка. Резултатите исто така покажале дека учесниците имале 16 процентно зголемување во вниманието и работната меморија по прошетката во природа споредено со урбаната прошетка. [Feeling depressed? How a walk in the park could lift your mood]

- Реклама -