И додека нашиве го бараат и наводно го откриваат гробот на Александар Македонски, деновиве Британските новини постојано пишуваат за откритието во Зоолошкиот музеј на Универзитетот во Кембриџ каде што при рутинско сортирање на колекција птичји јајца е пронајдено едно од шеснаесетте јајца кои Дарвин ги собирал за време на неговата петгодишна експедиција и патот околу светот на бродот Бигл, во триесеттите години на 19 век.
И додека нашиве го бараат и наводно го откриваат гробот на Александар
Македонски, деновиве Британските новини постојано пишуваат за
откритието во Зоолошкиот музеј на Универзитетот во Кембриџ каде што при
рутинско сортирање на колекција птичји јајца е пронајдено едно од
шеснаесетте јајца кои Дарвин ги собирал за време на неговата петгодишна
експедиција и патот околу светот на бродот Бигл, во триесеттите години
на 19 век.
Македонски, деновиве Британските новини постојано пишуваат за
откритието во Зоолошкиот музеј на Универзитетот во Кембриџ каде што при
рутинско сортирање на колекција птичји јајца е пронајдено едно од
шеснаесетте јајца кои Дарвин ги собирал за време на неговата петгодишна
експедиција и патот околу светот на бродот Бигл, во триесеттите години
на 19 век.
Патувајќи кон Зоолошкиот Музеј при Универзитетот во Кембриџ, на волонтерска сесија, Лиз Ветон очекувала дека истата ќе и помине вообичаено како и изминатите 10 години – сортирање на птичјите јајца и сместување во нови кутии. Јајцето кое таа го препознала е досега единственото пронајдено од таа значајна Дарвинова колекција која нему му послужила при создавање на теоријата за еволуцијата.
Ова мало темно и навидум "чоколадно" јајце, на кое сеуште стои потписот на Дарвин, му припаѓа на обичен род тинаму – птица која наизглед потсетува на дива кокошка, но чии најблиски сродници се ноевите.
До Универзитетот во Кембриџ пристигнало како донација на Алфред Њутон, Дарвинов пријател кој бил професор по зоологија на универзитетот. Њутон во своите приватни белешки запишал дека тинамуовото јајце го пронашол во Уругвај, но бидејќи го сместил во премала кутијa затоа напукало.
Научниците посебно значење му придаваат на ова "велигденско" јајце заради тоа што е пронајдено во годината кога се слават 200 години од раѓањето на Чарлс Дарвин, но и на тоа што јасно е утврдено дека е оштетено пред 150 години заради навнимание од страна на самиот научник.