Пронајдени нови снимки од првото слетување на Месечината

МесечинаНеодамна, во Австралија биле откриени нови снимки, со времетраење од околу 9 минути, на кои се прикажани првите моменти од слетувањето на Аполо 11 на Месечината, заедно со симнувањето на Нил Армстронг од модулот. Истите до сега биле загубени во архиви и иако биле пронајдени со доста оштетувања, ќе биадт подготвени за прикажување во Сиднеј, следната недела.

Најдобрите снимки од првото слетување на Месечината всушност биле направени во Австралија, затоа што НАСА имале проблеми со сигналот. Но, од необјаснети причини, австралиските снимки биле затурени во некоја архива и официјално се сметаа за загубени, сѐ до неодамна, кога истите биле пронајдени, во прилично лоша состојба.

Месечина

Експертите направиле сѐ што било возможно за реставрација на снимките и веќе е закажано јавно прикажување во Сиднеј, следната недела. На снимките се гледаат првите (приближно) 9 минути по слетувањето на Аполо 11 на површината од единствениот сателит на Земјата. Убаво се гледа и симнувањето на Нил Армстронг, првиот човек кој таму стапна, по скалите од модулот.

Ова откритие би требало најпосле да ги отстрани сите сомнежи на оние што се занимаваат со теории на заговор и според кои, Аполо 11 никогаш не слетал на Месечината и оти преносот оттаму всушност бил студиска снимка.
[New Australian footage of Neil Armstrong’s moon walk]

- Реклама -