Пронајдени две тела на починати лица, едно во Крушевско, друго во Валандово

Илустрација

На 22.08.2018 година околу 13:30 часот во водите на вештачкото езеро во село Борино, Крушевско, била пронајдена почината В.Ј. (35) од Прилеп. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител нема да се врши обдукција на телото на починатата.

На 22.08.2018 година во 19:10 часот во Полициската станица Валандово, Д.Ј. (62) од Валандово пријавил дека го пронашол починат неговиот сосед П.Ј. (62) во дворот од неговата куќа на ул.„Орце Николов“. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово и лекар од Здравствен дом –Валандово, кој констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција, наведуваат МВР во Дневниот Билтен.

- Реклама -